4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Развиените економии да најдат решение“

„Развиените економии да најдат решение“

globus1

Растечките економии во светот итно мораат да пронајдат начин за одржување на високиот економски раст, со цел да се ублажи влијанието на сериозната економска криза.

Економското забавување во САД како и финансиската криза во еврозоната се делумно одговорни за намалување на стапката на економскиот раст во земјите како Индија, Јужноафриканската Република и Јапонија, објави главниот економист во Светската банка, Каушик Басу.

Басу нагласи дека во современиот свет на глобализација, финансиската криза во една земја може да има влијание и во останатите држави.

„Иако меѓународната ситуација е лоша, пазарите во земјите во развој мора да се потрудат да ја надминат“, изјави индискиот економист на универзитетот во Јоханесбург.

„Потребно е да се продолжи борбата не само на економското поле туку и на економскополитичкото поле, за да се изгради подобро општество во кое луѓето ќе имаат подобра шанса“, додаде економистот од Светската банка.

Според неговите зборови, меѓусебната поврзаност на светските економии доведе до тоа дури и економиите во развој да го почувствуаат економскиот пад на еврозоната и САД.

„Планот за финансиското спасување на европските банки успеа да го ублажи шокот, но светската економија  и понатака е во криза“, заклучи Басу.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП