3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШефот на Honda поднесе оставка

Шефот на Honda поднесе оставка

honda sefovi

По бројни сервисни акции во „Honda“, изненадувачки дојде до промена во раководството.

Таканобу Ито, претседател и извршен директор, објави во понеделникот дека по шест години на чело на третиот по големина јапонски производител на автомобили (по „Toyota“ и „Nissan“) ќе ја напушти компанијата до крајот на јуни. На негово место ќе дојде менаџерот Такахиро Хачиго, кој повеќе од 30 години работи за, пренесува Ројтерс.

Во последниве неколку месеци компанијата настрада сериозно поради скандалот со неисправни воздушни перничиња од добавувачот „Takata“, а тоа влијаеше сериозно на нејзините финансиски резултати.

„Honda“ е најважниот клиент на компанијата „Takata“, која го произведува секое петто воздушно перниче во светот.

Досега повеќе од 21 милиони автомобили од различни брендови биле повикани во работилниците поради овој дефект. Како резултат на дефектот веќе биле убиени најмалку пет лица. Четири од смртните случаи се на сопственици на „Honda“ возила.

Поради сето ова менаџерите на компанијата веќе се откажаа од дел од нивната заработувачка. Ито ја намали за 20% плата за три месеци, а останатите раководители на „Honda“ се откажаа од 10% од своите плати.

Во изминатото тримесечје оперативната добивка на компанијата забележа пад од 22,5% или до 177 милијарди јени. По падот на профитот „Honda“ ја коригираше прогнозата за финансиската година која завршува во март. Според неа сега се очекува добивка од само 720 милијарди јени (5,4 милијарди евра). Досега прогноза беше за 770 милијарди јени. Компанијата очекува да продаде 4,45 милиони автомобили, наместо досега планираните 4,62 милиони возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП