Вилата „Jasmin“ е неверојатна и уникатна куќа која претставува мешавина од мароканскиот и индискиот стил.
Таа има непречен поглед на панорамата на Мајами, која е вистинска реткост и е сместена на Сансет островот. Таа е олицетворение на совршенството и уникатната убавина со својата мозаичка фонтана, геометрискиот базен кој е декориран со стакла и егзотичните детали на архитектурата.
Таа поседува пет спални соби и шест бањи, како и одвоена вила за гостите со една спална соба и две бањи. Ентериерот на главната вила е величествена мешавина од стариот свет и модерните елементи и мароканските парчиња мебел. Особено ја красат величествените заоблени прозорци.
Секој детал на оваа вила е смислен од естетска и културана страна, а прекрасните погодности како трите џакузи од кои едно е сместено на покривот, потоа специјалниот вински фрижидер, гаражите за три автомобили, домашното кино и канцеларијата претворена во бар, се оние кои и даваат посебен шарм.
Доколку ви се допаѓа оваа луксузна вила ќе треба да издвоите 24,950,000 долари.