15 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалени цените на Становите во Словенија

Намалени цените на Становите во Словенија

20130306-214016.jpg

Цените на становите во Словенија во последниот квартал на 2012 година продолжија да тонат, овој пат за 3,5 отсто во однос на претходното тримесечје, а на годишно ниво се опаднати за 8,8 отсто, соопшти денеска Заводот за статистика во Љубљана.

Во соопштението се наведува дека најмногу поевтиниле новите станови, пренесоа словенечките медиуми.

Цените на новите станови и семејни куќи во овие три месеци, заклучно со декември, во просек се намелени за 5,7 отсто во однос на претходните три месеци.

Цените на новите куќи, меѓутоа, во последниот квартал биле за шест отсто повисоки во однос на претходните три месеца, додека новите станови, од друга страна, поевтиниле за 8,4 отсто.

Меѓу сите видови недвижнини, новите станови забележале најголем пад на вредноста на годишно ниво, спуштајќи се на најниското ниво од почетокот на 2007 година, кога Заводот за статискика почна да води статистика за нивната вредност.

Цената на старите станови и куќи, исто така, опаднала во четвртиот квартал за 2,3 отсто во однос на третиот квартал, со што цената на овој вид домови дојде до нивото на кое беа на крајот на 2006 година.

Една од главните причини за падот на цената на недвижните е рецесијата, наведува аналитичарот на „Фајненшел маркетс“, Лука Губо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП