
Прекрасната резиденција на плажа во Mалибу ги имитира чистите линии на бродовите кои пловат во морето…


Прекрасната резиденција на плажа во Mалибу ги имитира чистите линии на бродовите кои пловат во морето…
Таа овозможува неверојатен поглед од 270 степени на соседниот Пацифик. Експанзивната употреба на стакло и многу тераси ја претворија оваа куќа во отворена галерија во која главни елементи се сонцето, песокот и брановите.
Фасадата која се соочува со улицата доаѓа со поинаков дизајн, но останува верна не едноставната геометрија, со дрвени плочикои прават одличен контраст.
Новата редизајнирана вила има три соби и има вкупна површина од 278 квадратни метри.
На самиот влез е големата врата во махагони тонови и отворениот поглед кон океанот. Ѕидот од стакло создава отворено чувство кон широката тераса. Безбедносните системи со камери, системот за осветлување, ви овозможуваат да го контролирате домот и ако сте неколку километри подалеку.
Останатите карактеристики на овој дом вклучуваат прекрасна кујна со голем кујнски остров од бел лак и Калаката камен. Спалните соби се светли и пространи, имаат прилагодени италијански плакари, а во бањата е и интегрираниот ТВ уред во огледалото.













