26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСредба со директорот на Џифони

Средба со директорот на Џифони

gifni

Средба со Клаудио Губитози, основачот и уметнички директор на „Giffoni Experience“ ќе се оддржи в петок со почеток во 10:30 во кино салата на НУ Кинотека на Република Македонија.

На средбата ќе биде најавено 45-то издание на Филмскиот фестивал за млади „Giffoni Experience’’ кој се одржува во Италија и во чии активности како и секоја година, така и оваа година ќе бидат вклучени  млади од нашата земја.

Во текот на средбата ќе бидат проследени и видео материјалите од сите програмски активности од второто издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, како и видео материјалите за најава на фестивалот во Италија.

Овој Фестивал преставува културен производ кој има за цел поттикнување на неформалното образование за филмот и културата воопшто како и развој на филмската естетика и култура кај најмладите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП