1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо јануари се издадени 181 дозвола за градење

Во јануари се издадени 181 дозвола за градење

20130306-211352.jpg

Во јануари годинава се издадени 181 одобрение за градење што е за 7,1 процент повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во тие објекти е предвидена изградба на 512 станови, со вкупна корисна површина од 38.855 метри квадратни.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.667.678.000 денари, за 30,9 проценти помалку во однос на јануари лани.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 136 (75,1 процент) се наменети за објекти од високоградба, 20 (11,1 процент) за нискоградба и 25 (13,8 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 181 објект, кај 138 (76,2 проценти) инвеститори се физички лица, а кај 43 објекти (23,8 проценти) деловни субјекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП