21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈунајтед очекува да го реализира трансферот на Гарај

Јунајтед очекува да го реализира трансферот на Гарај

garay2222

Дури и со сериозно задоцнување, раководството на Манчестер Јунајтед оди кон финализирање на зделката за Есекил Гарај од рускиот Зенит.

„Црвените ѓаволи“ за прв пат имаа сериозен интерес кон аргентинскиот репрезентативец уште во 2013-та година, но тогаш и не се дојде до договор со тогашниот тим на фудбалерот – Бенфика.

Од „Олд Трафорд“ сега сметаат дека е крајно време да стават крај на оваа сага и подготвиле 18.5 милиони фунти за правата на Гарај.

Медиумите во Англија сепак предупредуваат дека трансферот може и овој пат да пропадне, бидејќи интерес кон фудбалерот има и од страна на Јувентус, кои се уште не го рекле својот последен збор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП