22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИОсетно намалена загубата на Peugeot

Осетно намалена загубата на Peugeot

pezo-fabrika-u-paimpontu

Францускиот производител на возила „PSA Peugeot Citroen“ извести во средата дека ја заклучил годината со осетно помала загуба во споредба со 2013-та година, истакнувајќи дека посилните резултати во Кина и закрепнувањето во Европа ќе ја поттикна обновата на фиансиските темели на компанијата.

Во минатата година компанијата остварила нето загуба од 555 милиони евра, во однос на 2,2 милијарди евра колку што изнесуваше во претходната година.

Консолидираните приходи се зголемени за еден отсто, на 53,6 милијарди евра.

Особено се издвојува позитивниот резултат на клучниот автомобилски одел кој во 2014-та година повторно работеше во плус, остварувајќи оперативна добивка од  63 милијарди евра. Претходната година ја заклучи со оперативна загуба од една милијарда евра.

„Нашите резултати за 2014-та година покажуваат дека во тек е процес на обнова на финансиските темели на групацијата“, рече извршниот дирекор Карлос Таварес.

Француската компанија во голема мера се потпира на продажба и производство во Европа, а шестгодишиот период на пад на пазарот го преброди со издвојување на три милијарди евра вредни обврзници со кои француската држава и кинескиот партнер „Dongfeng“ презедоа 14-отстотен сопственички удел.

Побарувачката во Европа постепено закрепнува и групацијата минатата година ја зголеми продажбата на европскиот пазар за 8,1 отсто, а силен резултат оствари и во Кина, каде оствари скок на продажбата за 31,6 отсто.

За тековната година се најавува зголемување на побарувачката во Европа за еден отсто, односно за седум отсто во Кина. Латинска Америка и Русија би требало да забележат остар пад на продажбата за 10, односно 30 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП