6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWindows 10 ќе ги замени лозинките со скенирање на окото

Windows 10 ќе ги замени лозинките со скенирање на окото

win 10 sken

Со „Windows 10“, „Microsoft“ не сака само во оперативниот систем да го донесе само најдоброто за мобилните и десктоп платформите, туку на корисниците да им понуди и сигурност на работната средина која нема да биде базирана само на лозинки.

Како дел од напорите „Windows“ да го направи побезбеден, „Microsoft“ се здружи со селектирана група компании, како „Google“ и „PayPal“, во поддршка на „Fast Identification Online“ (FIDO) отворениот стандард и користењето алтернативни методи за идентификација, базирана на биометриски читачи.

На овој начин, „Windows 10“ би се оддалечил од традиционалното логирање со лозинки и ќе го профати „FIDO“ системот од напредната генерација, нудејќи им на корисниците нови методи за идентификација, како што е скенирањето на окото.

Во „Microsoft“ тврдат дека новиот систем на верификација и логирање е нешто кон што се стремат, но дека претставува и голем предизвик.

Затоа „FIDO“ поддршката, со лансирање на „Windows 10“, е прв чекор кон зајакната безбедност. Новиот оперативен систем на „Microsoft“, така би мигрирал на методите за верификација кои се локално базирани и не би оддавале никакви информации „online“, што би ги отежнало хакерските упади во компјутерите со „Windows 10“.

Читачите на отисоци од прсти и скенери на око, базирани на „FIDO 2.0“ стандардот, сето ова би го олесниле, а веќе неколку компании произведуваат вакви уреди кои во моментот ги користат сервисите на „Google“.

„Windows 10“ се очекува во втората половина од оваа година, а „Microsoft“ вети дека ќе ја подобри соработката со „FIDO“ партнерите за новиот оперативен систем помалку да се базира на лозинки, а повеќе на локални системи за верификација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП