22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИВип: Нема простор за трет мобилен оператор

Вип: Нема простор за трет мобилен оператор

one

Раководството на мобилниот оператор Вип, кој е во процедура за спојување со мобилниот оператор Оне, денеска оцени дека на македонскиот пазар нема реален простор за успешно функциоинирање на трет мобилен оператор.

„Со оглед дека пазарот е мал со два милиони жители и намалаена куповна моќ, дефинитивно нема реален простор за трет мобилен оператор“, вели Гернот Раш, Главен маркетинг директор во Вип, додавајќи дека тоа е скапо и за државата и за операторите.

Според него во ситуација на повеќе мобилни оператори, поголемиот играч би зграбил поголем дел од колачот, додека двата помали би биле во незавидна позиција.

„Ние сметаме дека на долги патеки во Република Македонија ќе постојат две мрежи, но веруваме дека постои простор за еден до два виртуелни мобилни оператори“, изјави главниот извршен директор на Вип, Никола Љушев.

Тој информираше дека во тек е фазата два од процедурата за спојување на мобилните оператори Вип и Оне и изрази уверување дека Комисијата за заштита на конкурентноста позитивно ќе се изјасни по ова барање.

„Застој во процесот на спојување нема. Во моментот во тек е фазата два, која што започна во февруари. Согласно законот може да трае 90 работни дена, што значи најдоцна до средина на јуни. Ние веруваме дека порано ќе добиеме позитивен одговор. Ние сме во инетнзивни разговори со комисијата за изнаоѓање на соодветни решенија кои ќе бидат во насока на задржување на постоечкото ниво на конкурентноста“, рече Љушев.

Тој информираше дека Вип, како и секоја сериозна компанија, има и план „Б“, во случај на евентуално негативно решение, но е уверен дека до тоа нема да дојде.

„Се разбира секоја сериозна компанија има и план „Б“ и план „Ц“, но во моментов нема индикации и нема сознанија дека би имало потреба за такво нешто. Цврсто сме уверени дека иницијативата за спојување ќе биде одобрена, се разбира со одредени обврски кои новата компанија ќе треба да ги спорведе“, рече Љушев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП