29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕThe Banjaran - Луксузна оаза на мирот (фото)

The Banjaran – Луксузна оаза на мирот (фото)

Вгнездено во срцето на Малезија, „The Banjaran“ е првото луксузно одморалиште во оваа земја, кое има фантастични велнес услуги…

Ова е идеално место за оние кои сакаат да поминат неколку дена во атмосфера на тотален мир. Овде нема да пронајдете ништо што ќе ви го одвлекува вниманието – сместувачките единици се состојат од 25 Garden и Water вили кои не се големи, нема големи и бучни простори за забава, ниту група на бучни луѓе.

Се наоѓа на само 15 минути од големиот град Ипога, додека главниот град Куала Лумпур, се наоѓа на два часа одалеченост од ова прекрасно место. Тоа не значи дека тука ќе ви биде досадно, напротив. Овде не морате само да лежите и да се опуштате, имате можност да шетате по дивината или да ја посетите теретаната.

Но веројатно 90 проценти од оние кои сакаат да го посетат ова прекрасно место, доаѓаат тука поради мирот и тишината и неспоредливите велнес погодности. Од природно џакузи, до термална пештера и ледени кади, постојат многу нешта во кои можете да уживате.

Постојат голем број на места за размислување и медитација како Кристалната или Медитационата пештера, каде можете да се фокусирате на релаксирањето, да се пронајдете себеси без никакви пречки. На крај тука е и спа центарот, кој во својата понуда има спектар на азиски холистички третмани и терапии, по кои ќе бидете комплетно нова личност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП