27 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузната када „Златно пловило“ (фото)

Луксузната када „Златно пловило“ (фото)

kad

Наречена „Златно пловило“ оваа неверојатна када изгледа како мрежа за спиење…

Оваа луксузна када е направена од јаглеродни влакна и рачно е украсена со 24 каратни златни листови кои се прелиени со заштитен слој од проѕирен лак. Сместена помеѓу ѕидовите, кадата „Златно пловило“ буквално и визуелно го подигнува искуството за бањање на потполно ново ниво.

kad1

Кадата не го допира подот во бањата, таа е дизајнирана со славини, а отпадната вода се испушта преку базата во сливникот. Кадата е долга 2,7 метри и е значително подолга од стандардните кади, а величината може да се прилагоди според потребите на клиентот.

Со своите чисти линии и со бујниот облик, таа нуди стилска релаксација. Достапна е во различни бои на лакови, како и оваа неверојатната со листови од злато.

kad2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП