18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWatch Urbane - паметниот часовник на LG (видео)

Watch Urbane – паметниот часовник на LG (видео)

pam lg

Kомпанијата „LG“ го претстави својот нов „high-end“ паметен часовник „Watch Urbane“, а уредот пошироката публика ќе го запознае на Светскиот мобилен конгрес во Барселона.

„LG Watch Urbane“ е повеќе како подобра верзија на паметниот часовник „G Watch R“, а благодарејќи на тесните рабови на екранот, куќиштето од нерѓосувачки челик со исполирани сребрени или златни завршетоци, како и кожните ременчиња, „Urbane“ изгледа значително поелегантно од својот претходник.

Паметниот часовник „LG Watch Urbane“ го одликува 1.3-инчен „P-OLED“ екран со резолуција од 320 x 320 пиксели, како и платформата „Android Wear“.

Покрај тоа, паметниот часновник во себе има „Qualcomm Snapdragon 400 SoC“, 512 MB RAM и 4 GB интерна меморија, како и батерија од 410mAh.

Новиот паметен часовник има сертификат „IP67“ кој е за отпорност од прашина и вода, а неговите димензии се 45,5 x 52,2 x 10,9 mm.

Од „LG“ се уште не го објавија точниот датум за стартот на продажбата, а ниту пак продажната цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП