За овој Ден на вљубените „Iron Cactus Mexican Grill & Margarita bar“ понудија нешто навистина посебно…
Маргарита од 30.000 долари, да бидеме попрецизни. Нaречена „Vision“, оваа префинета маргарита е направена од „Patrón Platinum Tequila“, „Grand Marnier Centenaire“, свеж сок од лимета и 100% органски нектар од агава. Ќе помислите – па добро, ништо посебно.
Но, она што оваа маргарита ја прави толку посебна е фактот дека таа е декорирана со префинети дијамантски обетки, со 260 мали дијаманти кои тежат 3,57 карати, кои ги дизајнираше златарот Золтан Давид.
Мора да признаете дека ова е многу привлечно парче накит кое можете да го задржите како сувенир, кога ќе ја испиете оваа 30.000 долари вредна маргарита.
Од секоја продадена маргарита, овој бар ќе даде 6.000 долари за организациите кои им помагаат на болните деца. Прилично хумана цел, зар не?