19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБимилк ги претстави своите инвестиции и амбициозни планови за во иднина

Бимилк ги претстави своите инвестиции и амбициозни планови за во иднина

bimilk 43

Најголемата македонска млекарница Бимилк ги претстави досега реализираните инвестиции во најсовремена технологија, и зголемување на производните капацитети и ги најави своите амбициозни планови за оваа и следните неколку години.

Од 2008 година до денес компанијата инвестирала повеќе од 10 милиони евра во капитални инвестиции од кои преку 4 милиони евра се инвестирани само во последните две години. Овие инвестиции имаат за цел не само зголемување на производните капацитети туку и унапредување на квалитетот  на производите и освојување на странски пазари.

„ Минатата година постигнавме рекордни резултати од постоењето на компанијата и тоа претставува вистинска гордост за целиот тим на Бимилк. Инвестиравме значително во процесот на производство, ,во воспоставување на современи системи за ферментација на јогуртите во 100% асептички услови, проширување на капацитетите за прием на млеко и нивно опремување со најнова технологија , како и модернизирање на магацинските простори.Сето тоа е со цел подобро да ги опслужиме нашите потрошувачи, но и да се создадат услови за реализација на нашите амбициозни планови за во иднина” – изјави Златко Најдовски, генерален директор на Бимилк.

Бимилк планира инвестирање на уште 12 милиони евра до 2018-та година пред сѐ наменети за  постигнување на оптимална ефикасност и врвна продуктивност по вработен. На овој начин компанијата ќе ги подобри перформансите на работење и ќе обезбеди сигурен пласман на своите производи на странските пазари.

Покрај значајните капитални инвестиции, Бимилк во изминатите неколку години инвестираше  повеќе од 4,5 милиони евра во мерки за развој на сточниот фонд преку опрема како и едукација, помагање и стимулирање на своите кооперанти за производство на квалитетно сурово млеко. Задоволни од постигнатите резултати од вложувањето во млекопроизводството во земјата, Бимилк планира продолжување на овие проекти најмалку до 2017-та година.

bimilk 434

„Преку точно одредени активности како резултат на нашата стратешка ориентација за развојна млекопроизводството во земјата досега се обезбедени 350 лактофризери и преку 1200 јуници од Европска Унија. Oд 2011-та година , во рамките на овој проект, до денес нашите кооперанти произведоа дополнителни 6 до 7 милиони литри сурово млеко. Инвестициите во млекопроизводството резултираа со раст на откупените и преработени количини на млеко во 2014-та години за преку 20% во однос на 2013-та година. Посебно е важно што ова значи и  “освежување “ на генетскиот потенцијал на матичното стадо во земјата. Овие резултати не охрабруваат да продолжиме да инвестираме во млекопроизводството на наше и задоволство на нашите кооперанти„ – изјави Златко Најдовски, генерален директор на Бимилк.

Во 2015-та година Бимилк ќе насочи голем дел од својот фокус кон подобрување на состојбите во производството на овчо млеко, проблем кој се провлекува подолго време во македонското сточарство. За таа цел Бимилк има план да обезбеди генетски материјал за овчарските стада со цел кооперантите да имаат можност да го зголемат својот потенцијал, а на тој начин и да го зголемат количеството на произведено овчо млеко. Земајќи го предвид фактотот дека сточарството е долготрајна дејност, Бимилк секогаш ќе биде на страната на фамилијарните комерцијални фарми со отвореност за долгорочна соработка од 5 и повеќе години.

Сите овие инвестиции како во производните капацитети, така и во стимулирање на производството на домашно сурово млеко имаат цел да ги поддржат амбициозните планови на Бимилк за во иднина.

„Неколку години наназад Бимилк бележи континуиран раст на извозот на млечни производи на странски пазари. Оваа година задоволство ми е да кажам дека склучени се Договори за извоз на рекордни количини од  над 1.000.000 кг.млечни производи за Америка и Канада. Овој извоз ќе биде реализиран во текот на 2015-та година. Во прашање е извоз пред сé на тврдите сирења Пекорино и Гравиера, како и повеќе видови кашкавали.“ – изјави Златко Најдовски, генерален директор на Бимилк.

Желбите на странските партнери е да се потпише меморандум за соработка за следните 10 години.

bimilk 4344

„И покрај амбициозните планови на компанијата за извоз, и понатаму домашниот потрошувач ќе биде во фокусот на работењето на Бимилк. Се што правиме е со цел да се создаде квалитет на производите кој се мери со оној на врвните светски брендови. Квалитетот на Бимилк производите е тој што ја оправдува довербата на нашите лојални потрошувачи и ја одржува лидерската позиција на компанијата на пазарот“ – изјави Златко Најдовски, генерален директор на Бимилк.

По преземањето на Danube Foods Group чиј дел е и Бимилк, од страна на инвестицискиот фонд Mid Europa Partners, се очекува да се зголемат инвестициите во Бимилк, а со тоа уште повеќе да се унапреди нејзиното работење и зацврсти лидерската позиција на пазарот. Danube Foods Group и Mid Europa Partners го потпишаа купопродажниот договор во вредност од 575 милиони евра, а трансакцијата се очекува да биде заклучена во првата половина од оваа година кога ќе бидат исполнети сите услови од договорот.

„Mid Europa Partners имаат огромно искуство во инвестирање и унапредување на работата на компании од различни сектори. Несомнено новите инвестиции и искуство на нивниот тим ќе послужат за постигнување на уште поголем успех во иднина.“ – изјави Златко Најдовски, генерален директор на Бимилк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП