4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Секоја година губиме 120 милијарди евра поради корупцијата

ЕУ: Секоја година губиме 120 милијарди евра поради корупцијата

E

Во Европската унија секоја година се губат околу 120 милијарди евра поради случаите на корупција, изјави комесарот за внатрешни работи, Сесилија Малмстром.

„Кога се работи за јавните набавки, студиите покажуваат дека речиси 20 до 25 проценти од вредноста на договорот е изгубена поради корупцијата“, изјави Малмстром.

„Длабоко вкоренетата корупција е реалност во многу земји“, додаде таа.

„Transparency International (TI)“ во својот извештај за 2012 година изјави дека кога станува збор за корупцијата најлоши земји  при јавните набавки се Бугарија, Чешка, Италија, Романија и Словачка.

Како пример „TI“ наведе дека три од пет менаџери на мали претпријатија во Чешка веруваат дека мораат да поткупат некого со цел да стигнат до јавниот тендер.

Бугарија не ги објавува финалните договори за јавните набавки, а тоа се случува и во Италија.

Во некои случаи, земјите-членки покажаа значителен неуспех во борбата против корупцијата, откако се приклучиле во Европскта унија, а „TI“ наведува дека тоа е забележано во Чешка, Унгарија и Словачка.

Европската унија се надева дека ќе ги поттикне лидерите на земјите-членки, да се справат со овој голем проблем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП