10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовиот данок ги принуди кинезите да се разведуваат

Новиот данок ги принуди кинезите да се разведуваат

kineski1

Кинеските брачни парови започнаа масовно да поднесуваат барања за развод со цел да го избегнат плаќањето на новиот данок.

Тој данок се плаќа при продажбата на куќи и станови, а власта го воведе со цел да ги спречи шпекулациите со недвижнините.

Во брачниот центар Џабеј во Шангај, матичарот во текот на еден ден развел 53 парови, односно еден пар на секои пет минути, бидејќи брачните другари навалиле да се разведуваат за да го избегнат плаќањето на данок за капиталните добивки од продажбата на имотот.

Слични сценарија можат да се видат и во останатите кинески градови, паровите се одлучија за брзи неспорни разводи кои чинат само неколку јуани, а со тоа значително ќе заштедат од продажбата.

Кинеската централна влада во петокот донесе нови прописи со цел да воведе ред во цените на недвижнините, вклучувајќи и плаќање на даноци за капиталната добивка од 20 проценти при продажбата на станбен имот.

Меѓутоа, дупката во законот им овозможува на паровите со две куќи, кои ќе се разведат и ќе ги стават двете куќи на име на една личност, при продажбата на овој имот да не плаќаат данок.

Помеѓу паровите кои дошле да се разведат имало и бремени жени.

Градските власти во Шангај потврдија дека воведениот данок на капиталната добивка предизвикал масовна појава на разводи, но тие одбиле да ја соопштат бројката на разводи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП