10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКварталните резултати на Nvidia ги надминаa очекувањата

Кварталните резултати на Nvidia ги надминаa очекувањата

nvidia 4556

„Nvidia“ најави дека за овој квартал очекува повисоки резултати, што ја испрати нагоре цената на нејзините акции, откако производителот на графички чипови ќе се насочи кон креирање на „high-end“ автомобили, пренесува „Ројтерс“.

„Nvidia“ се обидува да ја прошири својата технологија надвор од индустријата со персонални компјутери, со претставувањето серијата чипови „Tegra“ за мобилните уреди и таквите за автомобили.

За моменталното прво тримесечје „Nvidia“ очекува приходи во износ од 1.16 милијарди долари, плус или минус 2%. Прогнозата е повисока од очекувањата на аналитичарите за приходите за првиот квартал – 1.15 милијарди долари според „Thomson Reuters“.

Во четвртиот фискален квартал кој заврши на 25-ти јануари, приходите од чиповите „Tegra“ се намалија за 15 отсто или до 112 милиони долари. Најголемиот бизнис со компјутерски чипови сепак се прошири за 13% или до 1.07 милијарди долари.

Минатиот месец компанијата претстави нов чип – „Tegra X1“, кој ги напојува автомобилски табли и напредните системи.

Освен тоа „Nvidia“ вложува во центри за податоци и на партнерството со „IBM“, насочено кон корпоративните клиенти.

Компанијата забележа приход од 1.25 милијарди долари за четвртиот квартал, што е за 9% повеќе во однос на една година порано. Прогнозата на аналитичарите беше за 1.2 милијарди долари.

Нето добивката на „Nvidia“ се зголеми до 193 милиони долари или 35 центи по акција, од 147 милиони или 25 центи, во однос на една година претходно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП