21 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовиот iPad во април, iPhone 5S во август

Новиот iPad во април, iPhone 5S во август

iphone_5_ipad

Новата генерација на „iPad“ уредите би можела да излезе во април, а пак оние кои го очекуваат новиот „iPhone 5S“ (постојат сериозни најави дека ова ќе биде името на новиот iPhone уред) веројатно ќе мораат да почекаат до август. Ова се информациите кои пристигнуваат од неименувани извори во компанијата „Apple“.

Интернет страната која се занимава со технологија „iMore“ се повикува на добро известени извори од компанијата, кои велат дека многу е сериозна најавата за презентација на новиот „iPad“ во април. Исто така пренесуваат дека новиот „iPhone 5S“ треба да има подобар процесор и многу подобра камера. Се очекува овој нов мобилен телефон на пошироката јавност да и го презентираат кон крајот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП