4 мај, 2024

Се гаси RapidShare

rapid share

„RapidShare“ некогаш беше една од најпопуларните страни за споделување на датотеки на интернет, а сега најавија дека ќе ја затворат веќе следниот месец.

Компанијата не спомена причини за изненадувачкото затворање на страната, но губењето на своите корисници во последните неколку години по имплементацијата на строгите анти-пиратски мерки, најверојатно е поврзано со ова.

RapidShare“ е интернет страна со седиште во Швајцарија, а основана е во 2002-ра година и беше една од првите сервиси за споделување на датотеки со „едно кликнување“ на интернет. Како и повеќето страни со ваква дејност, „RapidShare“ често беше користен од страна на луѓето кои ги кршат авторските права и делат материјали со кои се кршат авторските права. Тоа на оваа компанија и донесе бројни проблеми.

rapid share1

„RapidShare“ водеше многу правни битки со компаниите од забавната индустрија кои бараа одговорност од неа за чекорите кои ги превземале нејзините корисници, а покрај тоа сајтот од страна на американската влада беше прогласен за „злонамерен пазар“. Тие притоа правеа големи напори за да соработуваат со сопствениците на авторските права. Сепак, анти-пиратските мерки си го направија своето, па бројот на посетители на страната „RapidShare“ драстично опадна.

Тоа доведе „RapidShare“ да објави дека се гаси на 31-ви март и соопшти на сите дека своите датотеки ќе ги префрли на други интернет страни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП