6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРено ќе вработи 1000 Французи

Рено ќе вработи 1000 Французи

reno rabotnijk2 5

Францускиот производител на возила „Рено“ ќе вработи во тековната година во Франција 1.000 луѓе на неопределено време и уште 760 во 2016-та, соопштија од компанијата.

Како што пренесуваат медиумите, најновиот план за вработувања и овозможува на оваа групација, која лани тројно го зголеми нето профиот (на 1.89 милијарди евра), поскоро да го стабилизира нивото на вработеност, затоа што до 2016-та околу 3.000 работници ќе ја напуштат оваа компанија.

Новите вработувања во „Рено“ го објасни обновувањето на активностите во домашните погони во кои во 2014-та година беа произведени 533.000 возила, со раст од 5 проценти во однос на 2013-та, кога нивото на производство беше на историски минимум (506.000 единици).

Оваа бројка од 2014-та е уште далеку од 1.3 милиони возила произведени во 2004-та, но се доближува до онаа од 710.000 единици кои „Рено“ ги зацрта за периодот до 2016-та.

„Рено“ во 2004-та година имаше вработено 76.000 луѓе, додека во 2014-та бројот на вработени е околу 45.000.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП