20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИУспешно лансирана ракетата што во длабока вселена го носи „вселенскиот метеоролог“

Успешно лансирана ракетата што во длабока вселена го носи „вселенскиот метеоролог“

KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

Ракетата на компанијата SpaceX однесе во среда длабоко во вселената американски сателит, што треба да ги набљудува Сончевите бури и да ја снима Земјата на оддалеченост од 1,6 милиони километри.

Ракетата Falcon 9 се одвои од лансираната рампа во вселенскиот центар Кејп Канаверал на Флорида, откако претходно во неделата беше одложено полетувањето заради проблеми со радарот, а во вторникот заради силниот ветер.

Таа носи климатска опсерваторија на НАСА, вредна 340 милиони долари. Сателитот треба да го замени 17 години стариот сателит кој ги следи потенцијално опасните Сончеви бури што можат да предизвикаат пречки на ГПС сигналите, блокирање на радиокомуникациите и да повлијаат врз електричните уреди на Земјата.

На сателитот ќе му бидат потребни 110 дена за да ја достигне оперативната орбита околу Сонцето, на оддалеченост од речиси 1,6 милиони километри од Земјата, од каде ќе може еден час однапред да ја регистрира опасната Сончева активност.

Оригиналната мисија на сателитот, што ја заговараше поранешниот американски потпретседател Ал Гор, требаше да биде континуиран поглед на Земјата што би се пренесувал на интернет заради подигање на еколошката свест.

Сателитот опремен со сензори за набљудување на вулканите, следење на сушите, поплавите и пожарите, ќе ја фотографира Земјата секои два часа и снимките ќе ги испраќа на глобалната мрежа, со што, барем делумно, ќе се оствари сонот на Гор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП