14 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМакедонски ИТ кадар на обука за сајбер форензика во Рим

Македонски ИТ кадар на обука за сајбер форензика во Рим

Technology in the hands

Италијанската ДФ Лабс интернешнл планира во претставништвото во Скопје до крајот на годината да вработи 25 лица, а до крајот на следната година 50.

По стартот со работа во септември лани, компанијата неодамна го испрати својот македонски тим во Рим на двомесечна специјализирана обука од областа на сајбер форензиката и дигиталните крим техники.

„Ова е одличен пример за тоа како брзорастечки компании кои нудат високо квалитативни решенија едуцираат и обучуваат со најсовремени софтверски вештини македонски млади дипломирани студенти“, смета министерот за странски инвестиции Џери Наумоф.

ДФ Лабс интернешнл е рангирана на 17 позиција од топ 500 најиновативни компании од областа на сајбер безбедноста за 2015 во првото издание на Cybersecurity.

Според Наумоф, од големо значење за Македонија е да постојат и успешно работат вакви иновативни компании како ДФ Лабс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП