26 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНов евтин модел од Lenovo со многу моќна батерија

Нов евтин модел од Lenovo со многу моќна батерија

bat len

Издржливоста на батеријата на смартфонот е една од најбараните карактеристики при изборот на уред.

За да одговори на оваа потреба, кинескиот производител на смартфони „Lenovo“ на домашниот пазар го претстави моделот „P70“ со батерија од 4000mAh. Со оваа батерија смартфонот ќе може да биде користен за разговор до 18 часа, како и во режим на подготвеност до 29 дена.

Моделот е со 5-инчен дисплеј со резолуција од 1280 x 720 пиксели и со оперативниот систем „Android 4.4 KitKat“. Тој има осумјадрен процесор на „MediaTek“ со фреквенција од 1.7 GHz, а располага со 2 GB RAM меморија и 16 GB внатрешна меморија која може да се прошири со картичка до 32 GB.

bat len1

Смартфонот има 13-мегапикселна камера со автоматски фокус, како и 5-мегапикселна предна камера. Тој е со можност да работи со 4G мрежи.

Иако има импресивна батерија, моделот е со дебелина од само 8.9 мм, а притоа тежи 149 грама.

Уредот може да се полни за разговор до 3 часа за само 15 минути.

Цената на „Lenovo P70“ во моментов е на ниво од околу 225 долари (388 евра), а во моментов се нуди само во Кина и Русија, но не е познато кога ќе се појави на другите пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП