26 јуни, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНовата луксузна јахта Arctic Sun (фото)

Новата луксузна јахта Arctic Sun (фото)

luksuz-jahta-nautika-arctic-sun-99

Шведскиот дизајнер Денис Ингемансон ја претстави величествената суперјахта со должина од 90 метри, која е наречена „Arctic Sun“.

Таа е целосно опремена, сестрана истражувачка јахта, а развиена е во соработка со британското бродоградилиште „Pendennis“ и „Rolls Royce“ наутичкиот инженеринг, и веројатно е најодржливата јахта која некогаш сме ја виделе. Покрај екстензивната употреба на соларни ќелии на покривот, на неa постои и доволно простор за инсталација на винд-турбини, доколку тоа го посака сопственикот.

Оваа јахта исто така има и доволно место за складирање на други видови возила. Тука е гаражата за ЕС155 стандардниот хеликоптер, а постои и опција за изградба на платформа за слетување. Нормално, тука е и големиот простор за складирање на опремата за нуркање и други играчки.

Јахтите како оваа исто така имаат погодности во вид на голем базен, сауна, кино и соба за покер.

Овој величествен брод сеуште е во изработка, а вмешаноста на имињата „Pendennis“ и „Rolls Royce“ е големо охрабрување.

luksuz-jahta-nautika-arctic-sun (5)

luksuz-jahta-nautika-arctic-sun (4)

luksuz-jahta-nautika-arctic-sun (2)

luksuz-jahta-nautika-arctic-sun (1)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП