16 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Гаспром“ ја објави мапата на гасоводот „Турски тек“

„Гаспром“ ја објави мапата на гасоводот „Турски тек“

20168golema

Руски „Гаспром“ ја објави мапата на гасоводот „Турски тек“, преку кој треба да се транспортира руски гас.

Според мапата, почетокот на гасоводот е на рускиот брег на Црното море во близина на Анапе, потоа оди под морето. Точката на испорака на гас на турските потрошувачи ќе биде во областа Лулебургаз, а излезната точка на турско-грчката граница ќе биде околу Ипсала.

Претседателот на Управниот одбор на „Гаспром“ Алексеј Милер и министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Танер Јилдиз разговараа за спроведување на проектот за изградба на гасоводот од Русија до Турција, преку Црното море.

На состанокот е одредена точката на влез на копно(област околу селото Кајакој), како и точката за испорака на гас на турските потрошувачи(област Лулебургаз) и излезната точка на турско-грчката граница околу Ипсала, соопшти „Гаспром“.

Должината на копнената траса на гасоводот ќе изнесува 180 километри.

20168golema

Се очекува во блиска иднина да добијат дозволи за проектни и надзорни работи за новата турска подморска делница на гасоводот.

„При проектирањето на гасоводот ќе се земе предвид сè поголемата побарувачка за природен гас во областа на Истанбул. Во таа смисла, одредено е количеството гас што треба да се испорача на границата меѓу Турција и Грција, да биде 47 милијарди кубни метри“, наведува „Гаспром“.

Капацитетот на подморската делница на гасоводот од Русија до Турција ќе биде 63 милијарди кубни метри годишно. Планиран датум за завршување на првата линија е декември 2016 година.

Руската гасна компанија соопшти на почетокот на декември дека го напушта проектот „Јужен тек“, вреден околу 40 милијарди американски долари(32 милијарди евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП