24 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG и Google лансираат очила за виртуелна реалност

LG и Google лансираат очила за виртуелна реалност

lg vg glass

„LG“ и „Google“ објавија дека заедно ќе нудат специјални очила за виртуелна реалност за смартфонот „G3“. Тие се базирани на проектот „Google Cardboard“ кој интернет гигантот го претстави минатата година. „VR“ за „G3“ сепак е сосема сериозен додаток.

Смартфонот се става во предниот дел на уредот. Специјалните лупи ја претвораат сликата од екранот на мобилниот телефон во виртуелната реалност.

lg vg glass1

Дизајнот на „VR“ за „G3“ ги следи трендовите на „LG“, па така има отвор кој овозможува пристап до копчињата на грбот на смартфонот. Во очилата има вграден звучник и можност за поврзување со „Bluetooth“ слушалки.

Од „LG“ наведуваат дека виртуелната реалност се уште е во првиот стадиум на својот развој. Сепак компанијата планира да го продолжи своето учество во овој сегмент. За сега, сепак компанијата не кажува кога ќе ги пушти „VR“ за „G3“, ниту каква ќе биде нивната цена.

lg vg glass2

Компанијата само наведе дека првично очилата ќе бидат достапни во избраните пазари и дури може да се порадок при купувањето на смартфонот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП