20 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Coca-Cola намален за 55 проценти

Профитот на Coca-Cola намален за 55 проценти

M

Компанијата „Coca-Cola“ во четвртиот квартал минатата година забележа пад на профитот од дури 55 проценти, затоа што силниот долар ја намали вредноста на продажбата на пазарите во земјите во развој.

Овој најголем светски производител на безалкохолни пијалоци во извештајниот период оствари нето профит од 770 милиони долари (681 милиони евра) за разлика од 1,71 милијарди во истиот квартал една година претходно, пренеусва Ројтерс.

Истовремено, приходите од продажбата се намалени за 2,0 проценти, на 10,87 милијарди долари, поради малиот (1,0 проценти) количински раст.

Оваа групација со седиште во Атланта очекува дека и во 2015 година варијациите на девизниот курс ќе имаат неповолно влијание на резултатите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП