28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТелескопот Hubble сними „смајли“ во Големата мечка

Телескопот Hubble сними „смајли“ во Големата мечка

tutu

Орбиталната опсерваторија Hubble направи серија снимки на многу невообичаена група во галактита SDSS J1038+4849 во соѕвездието Голема мечка, кои според своите контури многу потсетуваат на популарните „смајли’ благодарејќи на искривувањето на пространството како резултат на гравитационата интеракција меѓу галаксиите, објави во вторникот Институтот на космичкиот телескоп на својата интернет страница.

Оваа групација беше откриена во 2008 година од руските астрономи од Специјалната астрофизичка опсерваторија при Руската академија на науките во Нижни Архиз и нивните американски колеги за време на проучувањето на снимките собрани во рамките на проектот за картографирање на ноќното небо SDSS (Sloan Digital Sky Survey).

Уште во тоа време вниманието на научниците го привлече необичната форма на групата и ја нарекоа „чеширска мачка“(Cheshire Cat лик од детската книга „Алиса во земјата на чудата“).

Ова „космичко животно“, според мислењето на астрономите, се состои од четири компоненти, од кои две се расположени на растојание од пет милијарди светлосни години, а другите две на растојание од 7,6 милијарди години.

Овие „смајли“ или „мачки“ се појавуваат во Вселената благодарејќи на тоа што светлината од далечните галаксии кои често на патот до Земјата преку збирот на гравитациски „леќи“, агли од космосот, каде што масата на масивните објекти, темната материја или галаксија, при што се искривуваат светлосните зраци. Благодарејќи на растегнувањето и стеснување на зраците, далечните од Земјата галаксии биле извртени во „смајли“ или во „чеширската мачка“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП