3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајдобрите напитоци за слабеење

Најдобрите напитоци за слабеење

napitak_1423566483_672x0

Намалете го внесот на купечките напитоци и направете ваши шејкови за слабеење. За овие шејкови ви се потребни неколку намирници, а подготовката трае само неколку минути…

Шејк од боровинки

Шејкот од боровинки е совршен за појадок или лесен меѓуоброк во текот на денот.

Состојки:

– 1 шоља боровинки

– 1 шоља обезмастено млеко (може да користите бадемово или сојно)

Состојките измешајте ги во блендер, а потоа можете да ставите и ленено масло кое ќе го поттикне разградувањето на мастите.

Шејк од домати и јогурт

Повеќето домашни шејкови се слатки, а понекогаш сакаме нешто поинакво. Овој солен напиток е богат со антиоксиданти, витамини и влакна.

Состојки:

– 2 домати

– ½ шоља нискомасен јогурт

– ¼ шоља вода

– ½ чајна лажичка лимонов сок

Состојките добро измешајте ги во блендер, а потоа додадете малку лимонов сок.

Ако немате време, наместо шејк напијте се зелен чај или лимонада.

Лимоната помага при чистење на телото, додека зелениот чај е едноставно решение кое ќе ве загрее во текот на ладните зимски денови, а со тоа и ќе го исчисти вашето тело од отрови, ќе ги разгради наталожените масти и ќе ви даде енергија и чувство на ситост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП