„LookFor“ е најновата „глупава“ апликација која едноставно морате да ја имате. Нејзината цел е да ги пронајдете вашите пријатели кога сте меѓу толпа луѓе.
Апликацијата едноставно се активира со трепкачко светло на екранот на телефонот, па така вашите пријатели можат да ве пронајдат во толпата.
Идеата е оваа апликација да се користи на концерти, спортски настани и клубови, кога во темнината ќе се одвоите од пријателите.
Краторот на апликација, Логан Рајли, на оваа „глупава“ идеа дојде кога бил на еден музички фестивал и кога му бил потребен лесен начин за да се тргне од толпата за да се најде со своите пријатели.
Неговата идеа дала резлутати, и по успешната кампања на „Kickstarter“, „LookFor“ апликацијата конечно е достапна за сите.