4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald's и понатака бележи минус

McDonald’s и понатака бележи минус

mcdonalds-13

Продажбата во рестораните за брза храна на „McDonald’s“ е намалена во месец јануари за 18 проценти, пред се поради настанатите проблеми во Jапонија и Кина.

Продажбата во регионот Азија-Пацифик-Блискиот Исток-Африка се намали во месец јануари за 12,6 проценти, пренесува АФП.

Продажбата во рестораните на „McDonald’s“ во текот на 2014 година во Јапонија се намали за 14,6 проценти во однос на 2013 година. Главната причина за загубата се бројните неправилности, како металните стуготини пронајдени во храната, пронајдениот човечки заб, во храната купена во рестораните на „McDonald’s“ ширум Јапонија во текот на минатата година и во јануари оваа година.

Скандалот се појави откако некои медиуми објавија снимки на кои се покажува како работниците го продолжуваат рокот на употреба на пакувањата со месо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП