20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведска воведува ТВ-претплата за се

Шведска воведува ТВ-претплата за се

svedka

Властите во Шведска објавија дека размислуваат да воведат ТВ-претплата која ќе се однесува на корисниците на таблети, мобилни телефони и компјутери.

Со оглед дека во Шведска постојат повеќе начини да следите телевизија на овие уреди, одредени домаќинства немаат телевизори и со моменталниот закон не се обврзани да плаќаат месечна ТВ-претплата.

Во Шведска е задолжително да се плаќа месечен надомест за овие услуги со кои се финансираат телевизиските и радио програми без реклами.

Се истакнува дека на почетокот властите ќе целат кон корисниците на таблети и компјутери, но не се исклучува дека ќе бидат поштедени и корисниците на мобилни телефони.

ТВ-претплата во Шведска се плаќа по домаќинство, а не по уред, а веќе 90 проценти од корисниците ја плаќаат регуларната такса, па така евентуалните промени многумина нема да ги приметат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП