Добро вработените фабрики се многу важни за компаниите и дури за целата економија на земјата во која се наоѓаат. Најголемите автомобилски фабрики во светот се на „Volkswagen“ и „Hyundai“.
Видете кои се 15-те најголеми фабрики во светот:
15. Фабриката на „NASA“ во Флорида
Се наоѓа помеѓу Мајами и Џексонвил, а тоа најголемата фабрика, која се состои од една зграда. Кај останатите 14 фабрики во рангирањето се смета вкупната површина на одделни згради во комплекс. Изградена е во 1966-та година за составување на ракетата „Saturn V“, која е користена во програмата Аполо. Областа е 32.374 квадратни метри. Зазема простор од 8 хектари. Зградата е висока 160 метри. Тука можат да се видат и компоненти кои неможе се најдат на друго место во светот, како што се врати, високи 138 метри.
14. „Meyer Werft Dockhalle 2“
„Meyer Werft“ е едно од најголемите бродоградилишта во Германија. Основана е во 1795-та година. Ова е најголемиот простор за бродоградба во светот. Тука се прават главно патнички бродови. Овој објект има должина од 504 метри, ширина 125 метри и висина 75 метри. Тука се изградени луксузните бродови „Norwegian Star“, „Norwegian Dawn“, „Radiance of the Seas“, „Brilliance of the Seas“, „AIDAbella“ и „Norwegian Jewel“.
13. „Aerium“
Првично тоа требаше да биде авионски хангар. Изграден е од нацистите во почетокот на Втората светска војна. Во 1945-та година е заземен од Црвената армија. Русите ја зголемија патеката од 1000 на 2500 метри, па тука може да се складираат борбени авиони. Во 1994-та година, по обединувањето на Германија, зградата е вратена на владата на Германија. 2 години подоцна е купена од компанија „CargoLifter“ која банкротираше пред 6 години. Потоа местото е продадено на малезиската компанија која го претвора во забавен парк.
12. „Constellation Bristol“
Тоа е најголемиот магацин за вино и пиво во светот. Во него има 9,5 литри алкохол. Тоа е приближно еднакво на содржината на 14 базени со олимписки димензии. Во него има 57 милиони шишиња вино, што е околу 15% од целиот пазар на Велика Британија. Изграден е за три години.
11. Дистрибутивен центар на „Tesco“ во Ирска
Ова е најголемата зграда во Ирска. Отворена е во 2007-ма година, има површина од 80.194 квадратни метри. Должината на зградата е речиси 800 метри. Од едниот до другиот крај потребно е да пешачите околу 12 минути. Цената на објектот е 70 милиони евра.
10. „Lauma Fabrics“
Тука се произведуваат ткаенини за долна облека. Фабриката е со површина од 115.645 квадратни метри. Долга е 225 метри и широка 505 метри. Нејзината изградба започнува во 1965-та година во Лиепаха, Латвија.
9. Фабриката „Jean-Luc Lagardère“
Тука се гради авионот „Airbus A380“ со 800 места и цена од 428 милиони долари. Се наоѓа во реонот на Тулуз. Градилиштето е долго 470 метри. Делови за авионот се произведуваат во некои други фабрики во Шпанија, Велика Британија, Германија и Франција, а потоа се носат тука за конечното составување на авионот.
8. Магацини за увоз на „Target“
„Target“ е еден од најголемите ланци на продавници во САД и затоа има потреба од голем магацин. Оваа компанија има 1.934 продавници. Ова е најголемиот, со површина од 185.800 квадратни метри. Компанијата има уште три помали складишта.
7. Фабриката „Belvidere“
Таа се наоѓа во Илиноис, САД, и припаѓа на „Chrysler“. Тука се составуваат автомобилите „Jeep Compass“, „Jeep Patriot“, „Dodge Dart“ и други. Областа е 330.000 квадратни метри. Фабриката е долга 700 метри и широка 300 метри. Целиот комплекс зафаќа 280 хектари. Повеќето вработени се роботи.
6. „Mitsubishi Motors North America“
„Mitsubishi Motors North America“ е компанија која е основана во 1981-ва година, која се занимава со развојот на брендот „Mitsubishi“ во САД, Мексико, Карибите и Канада. Има мрежа од 700 дилери на автомобили. Фабриката е со површина од 220.000 квадратни метри. Се наоѓа во Нормал, Илиноис. Тука се составуваат моделите „Mitsubishi Galant“, „Eclipse“, „Eclipse Spyder“, „Endeavor“ и „Chrysler Sebring“.
5. Фабрика „Boeing Factory“ во Еверест
Најголемата фабрика на компанијата се наоѓа во Еверест, Висконсин. Има површина од 398.000 квадратни метри, а комплексот зазема 98.3 хектари земјиште. Тука се произведуваат моделите „Boeing 747“, „767“ и „777“, како и новиот „787 Dreamliner“. Изградбата на фабриката е почната во 1966-та година, откако „Pan American World Airways“ е порачала 25 авиони од моделот „747“ со вкупна вредност од 525 милиони долари.
4. Фабрика на „Tesla“ во Фремонт, Калифорнија
Има површина од 510.000 квадратни метри. Не е изграден од Tesla, туку е купена подготвен, откако претходно беше употребувана од „General Motors“ и „Toyota“. Tesla ја купува за 42 милиони долари во 2010-та година. Тука се произведуваат моделите „Tesla Model S“, „Model 3“, „Model X“ и „Roadster“.
3. „Aalsmeer Flower Auction“
Технички, ова не е фабрика, но е најголемата комерцијална зграда во светот – 518.000 квадратни метри. Таа е долга 740 метри и широка 700 метри. Во неа се продаваат цвеќиња. Околу 25 милиони цвеќиња се продаваат тука од Кенија, Колумбија, Етиопија и Еквадор.
2. Фабриката на „Hyundai Motor Company Ulsan“
Има површина од 5.050.000 квадратни метри. Се наоѓа во Јужна Кореја и зазема парцела од 1.225 хектари земјиште. На негова територија има 5 фабрички згради, како и болница, пожарна, сопствена патна мрежа и станица за вода. На територијата на комплексот растат 500.000 дрвја, а пристаништето може да прими три брода со капацитет од 50.000 тони истовремено.
1. Фабриката на „Volkswagen“ во Фолфсбург.
Тука се произведени 40 милиони автомобили во текот на годините. Има површина од 6.500.000 квадратни метри. Фабриката е толку голем што вработените користат велосипеди за да се движат. Еден вработен истовремено може да работи на 5 автомобили.