2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗачувајте го здравјето: Исфрлете ги овие нешта од домот

Зачувајте го здравјето: Исфрлете ги овие нешта од домот

65100_posude-shutterstock-112360379_630x0

За да бидете здрави не треба само да водите активен живот и да се храните здраво. Некои работи мора да ги отстраните од својата околина – притоа не се мисли само на брзата храна. Овие работи треба да ги исфрлите од вашиот дом…

1. Стари пластични садови

65100_posude-shutterstock-112360379_630x0

Прегледајте ги пластичните садови за чување на храната кои ги имате и фрлете ги сите кои се направени од чиста, цврста пластика која на себе ја содржи ознаката 7 или „PC“ (поликарбонат), бидејќи овие пластични садови содржат бисфенол А.

2. Антибактериски сапуни

80218_profimedia0037863503_630x0 (1)

Антибактериските сапуни не не ништо поделотворни во убивањето на бактериите од останатите сапуни, а според истражувањата, тие можат да бидат и штетни. Триклосан, активната состојка во антибактериските сапуни, влијае на работата на хормоните кај животните, па постојат сомневања дека оваа хемикалија може да предизвика отпорност на антибиотици кај луѓето.

3. Износени патики

68011_shutterstock-149253968_630x0

По секои 500 до 650 километри треба да ги замените патиките за трчање, вели Џејсон Карп. Значи ако некој трча 50 километри неделно, патиките би требало да ги промени после три месеци. Кога патиките премногу долго се носат, нивните перничиња се истенчуваат, па се јавуваат болки во мускулите и коските, бидејќи е намалено количеството на материјал кој го ублажува допирот на стапалото со земјата. Ако не трчате, патиките менувајте ги на секои 6 месеци.

4. Потрошена четкичка за заби

44157_shutterstock-130996202_630x0

Ако забите ги миете наутро и навечер, како што треба, влакната на четкичката се трошат брзо. Тие почнуваат да се искривуваат или уништуваат за два месеци, што значи дека четкичката за заби би требало да ја менувате на секои три месеци. Расцветаните четкички се помалку ефективни, па ако ги користите, само поттикнувате крварење на непцата.

5. Облека која повеќе не ја носите

53461_odeca-shutterstock-138828500_630x0

Колку работи облековте од вашиот плакар во текот на минатата година? Ако вашиот плакар е пренатрупан, фрлете ги сите работи кои долго време не сте ги носеле. Нема смисла да се нервирате копајќи по нив секој пат кога се пресоблекувате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП