25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен живот меѓу две бетонски плочи (фото)

Луксузен живот меѓу две бетонски плочи (фото)

bet1

Оваа необична куќа се наоѓа во руралното подрачје Итабтиба, 86 километри од Сао Паоло, Бразил…

Куќата е поставена високо на теренот, а архитектите така го ограничија влијанието на околината, создавајќи илузија дека домаќините удобно уживаат во средината на зрелата вегетација која го опкружува овој дом.

Вилата се состои од 5 елементи кои седат на голамата плоча, додека слична ваква плоча е искористена за таванот, а зоната во ентериерот е групирана во сендвич меѓу бетонските блокови.

Делот за дневен престој е од три страни опкружен со стаклени ѕидови, преку кои се нуди поглед кон околината. За ралика од овој дел спалните соби се опкружени со дрвени ѕидови, кои гарантираат приватност.

Сите простории се сместени во правоаголен квадар, кон кој се надополнуваат надворешната тераса и базенот со вградено зелено ЛЕД осветлување, што ја прави куќата особно спектакуларна во текот на ноќта.

Во еден дел од застаклениот отворен простор на куќата е сместен дневниот престој, кој е декориран со мебел во неутрална палета на бои и опремен со телевиски и музички системи, полици за книги и уметнички предмети. Делот во кој е сместена трпезаријата отскокнува со црвените лустери над масата.

Спалните соби имаат сопствени бањи, кои ги карактеризира смарагдно зеленото ЛЕД осветлување, слично како она во базенот.

Куќата поседува и гаража и техничките простории, погледнете ги фотографиите…

bet2

bet3

bet4

bet5

bet6

bet7

bet8

bet9

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП