26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: На Шпанија не и се потребни повеќе пари

ЕУ: На Шпанија не и се потребни повеќе пари

Belgium Nobel Peace

На Шпанија, најверојатно, нема да и бидат потребни дополнителни пари од Брисел за подобрување на ситуацијата во финансискиот сектор, соопшти Европската комисија.

Шпанија веќе има добиено 41,4 милијарди евра за помош на проблематичните банки, по колапсот на секторот за недвижнини во 2008 година.

Шпанија минатата година од партнерите во еврозоната обезбеди кредит „тежок“ до 100 милијарди евра, со цел да ги спаси банките кои се најдоа во многу тешка ситуација поради огромното ниво на ненаплатливи кредити, пренесува агенцијата Франс Прес.

Шпанија, во рамките на пакетот за помош, прими две транши со вкупна вредност од 41,4 милијарди евра, со кои беа докапитализирани банките и фотмирана наречената „лоша банка“ – „Sareb“ во која беа префрлени сите ризични кредити.

„За сега не постои причина за нов пакет помош“, наведе Комисијата во извештајот за програмата за помош на шпанските банки, додавајќи дека е потребен силен и убедлив бизнис план за „Sareb“, за која се смета дека ќе превземе лоши кредити и недвижнини со вкупна вредност од 55 милијарди евра.

Речиси половина од парите од Брисел, 18 милијарди евра, беа префрлени во една банка, „Bankia“, која беше национализирана минатата година за да го избегне банкротот поради големиот број на лоши кредити.

Мадрид во замена за пакет помош, вети дека ќе ги реши проблемите во својот финансиски сектор, во време кога исто така, се бореше да го намали буџетскиот дефицит до ниво кое е прифатливо во ЕУ. Конзервативната влада на премиерот Маријан Рахој вети дека ќе го намали буџетскиот дефицит на 4,5 проценти од БДП во текот на оваа година, како и на 2,8 проценти во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП