6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчкиот земјоделец на работ на егзистенцијата

Грчкиот земјоделец на работ на егзистенцијата

gr21

Повеќе од 2.000 грчки земјоделци се собраа во Атина барајќи помали даноци и тврдејќи дека зголемувањето на цените на бензинот и струјата ќе ги доведе до просјачки стап.

Фармерите побараа субвенции од задолжената земја која е приморана да превземе строги мерки на штедење, за да им помогне да ги намалат цените и да останат повеќе конкурентни, пренесува агенцијата АФП.

„Државата не ни даде ништо, дури ни евтин бензин, ни струја, за да можеме да имаме конкурентни производи и пониска цена на трошоците за производство, изјави Пантелис Москос, шеф на грчката Унија на фармери.

Од Синдикатот, Вангелис Бутас тврди дека ЕУ се труди да направи аранжмани околу увозот на земјоделските производи од Бразил, со кои ќе им се нанесе штета на локалните фармери.

„Тоа е непријател“, вели Бутас.

Владата која превзема остри мерки за штедење во замена за кредитите од ЕУ и ММФ, одби било какви остапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП