12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдложена одлуката за ограничување на банкарските бонуси

Одложена одлуката за ограничување на банкарските бонуси

Belgium Nobel Peace

Владите на земјите на ЕУ ја одложија одлуката за ограничување на банкарските бонуси, откако Британија извести дека би можела да се согласи со договорот, ако и се овозможи поголем временски период.

Министрите за финансии на ЕУ денес во Брисел, се согласија повторно да ги разгледаат плановите за ограничување на бонусите на ниво на годишната плата, пренесуваат новинските агенции.

Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн изјави дека неговата земја не може да го поддржи моментално овој предлог, но додаде дека ако во наредните неколку денови се оствари напредок во преговорите, таа ќе биде во можност да го поддржи предлогот.

Европскиот парламент планира во април да гласа за предлогот на новиот закон за јакнење на банките и нивната отпорност на евентуалните идни кризи.

Парламентот инсистира во тој закон да биде вклучено и ограничувањето на банкарските бонуси, со цел да се намали јавниот гнев поради овие бонуси.

Откако ЕУ минатата недела постигна прелиминарен договор за новите прописи во финансискиот сектор, Швајцарија изгласа ограничување на платите на своите водечки бизнисмени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП