19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајпрефинетата чоколада во светот (фото)

Најпрефинетата чоколада во светот (фото)

luksuz-delicious-fancy-cokolada-toak (1)

Веројатно повеќето од вас кои го читате овој текст, сте јаделе чоколада во изминатата недела. Но, за жал, поради масовното производство, чоколадата губи некои од своите најдобри особини.

Тука се појавува „To’ak”, ексклузивен бренд на чоколада, кој го креирале Американец и Австриец кои живеат во Еквадор. Тие ги користеле само најдобрите традиционални методи и состојки.

Креаторите на „To’ak” чоколадата, која своето име го добила по антички еквадорски обележја за зборовите земја и дрво, производството на чоколада го гледаат како уметноста на правење вино, па со самото тоа, на тој процес посветуваат исто толку време и внимание.

75dc96f553c7f49c6d4c4f93d3df741a

За две години, тие произвеле помалку од 600 табли од оваа чоколада, а секоја од нив се продава во дрвени кутии кои се полнети со школки од зрна какао и нумерирани се по годината на бербата.

luksuz-delicious-fancy-cokolada-toak (2)

Тоа ги потсетува купувачите на оваа чоколада дека таа всушност доаѓа од дрво и дека не е готвена во некој голем лонец во фабрика. Секоја чоколада доаѓа со зрно какао во средината, а во кутијата се наоѓа и дрвена пинцета со која ја земате чоколадата коцка по коцка, за маснотијата на вашите раце да не го уништи нејзиниот совршен вкус.

Toak-Chocolate-hand-wrap-each-bar-of-chocolate-and-carefully-package-in-a-box-of-Spanish-elm-the-same-wood-in-which-the-cacao-beans-are-fermented.

Постојат само неколку стотици од оваа чоколада во светот, а едно парче од 50 грама чини 260 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП