7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигнуваат Samsung Galaxy Tab A таблети

Пристигнуваат Samsung Galaxy Tab A таблети

SONY DSC

„Samsung“ во текот на оваа година ќе претстави неколку нови таблети, поради тоа компанијата регистрираше неколку имиња, „Galaxy Tab A“, „Galaxy Tab E“ и „Galaxy Tab J“.

На Интернет се појавија првите информации за два нови таблети кои припаѓаат на новата серија „Galaxy Tab A“. Ќе бидат претставени моделите „Galaxy Tab A“ и „Galaxy Tab A Plus“ кои ќе бидат достапни со верзии на екрани од 8 и 9.7 инчи, додека „Tab A Plus“ ќе биде првиот уред покрај серијата „Note“ кој ќе биде достапен со „S Pen stylus“ пенкалото.

Сите таблети се со 4:3 екрани со резолуција 1024 x 768 пиксели, „Snapdragon 410“ процесор, 5-мегапикселна задна и 2-мегапикселна предна камера, 16 GB слободен простор за чување податоци и куќиште со дебелина од 7.4 милиметри.

„Galaxy Tab A“ таблетот на располагање ќе има 1.5 GB, a „Galaxy Tab A Plus“ 2 GB работна меморија. Помалите „Galaxy Tab A“ и „Galaxy Tab A Plus“ со 8-инчен екран ќе имаат батерија со капацитет од 4000 mAh, додека поголемите верзии со 9.7-инчен екран имаат батерија од 6000 mAh.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП