11 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle се фокусира кон апликациите за деца

Google се фокусира кон апликациите за деца

google deca 4

„Google“ ги  засилува своите редови за создавање на апликации и онлајн сервиси за деца. Интернет гигантот ја купио компанијата „LaunchPad Toys“, која развива специјализирани апликации за деца, соопштува интернет изданието „Mashable“.

„LaunchPad Toys“ е творец и на апликацијата „Toontastic“ што комбинира додадена реалност со анимации, кои можат да „оживеат“ пред децата. Компанијата е основана во 2010-та година и има неколку познати инвеститори, меѓу кои и основачот на „Twitter“, Биз Стоун.

„Google“ ја потврди трансакцијата, но не откри детали за неа. Компанијата сепак не го крие својот интерес кон создавање на специјализирани апликации и услуги за деца. Таа е свесна дека голем дел од нејзините услуги, на пример „YouTube“, и во моментов се користат од деца под 13-годишна возраст, иако официјално тие немаат право дури да си регистрираат профил.

Токму затоа „Google“ развива и специјална детска верзија на „YouTube“, која ќе ги ограничува несоодветните содржина и ќе дава повеќе контрола на родителите. Слични карактеристики се размислува и за другите услуги на интернет гигантот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП