Американскиот ланец на ресторани за брза храна „McDonald’s“ за прв пат во последните 11 години забележа загуба во Јапонија од 21,8 милијарди јени (187 милиони долари).
Во 2013 година „McDonald’s“ во Jапонија оствари нето добивка од 5,1 милијарди јени (43,3 милиони долари), пренесува Тас.
Продажбата во рестораните на „McDonald’s“ во текот на 2014 година опаднала за 14,6 проценти, во однос на 2013 година, на 222,3 милијарди јени (1,85 милијарди долари).
Главната причина за загубата се бројните неправилности утврдени во објектите на „McDonald’s“ во цела Јапонија минатата година и во јануари оваа година.
Конкретно, во чизбургерите подготвени во некои ресторани биле пронајдени метални струготини. На почетокот на јануари компанијата исто така во помфритот во некои ресторани бил пронајден човечки заб. Претходно беа објавени два случаи за пронаоѓање на парчиња пластика во пилешкото месо во градовите Мисава и Токио.
Шефот на јапонскиот „McDonald’s“, Сара Казанова, мораше да се извини поради зачестените инциденти со производите во рестораните на „McDonald’s“.