7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG ќе стартува со производство на флексибилните екрани

LG ќе стартува со производство на флексибилните екрани

lg-poled-lighting-1

Jужнокорејскиот гигант „LG“ се подготвува во јули да стартува со масовно производство на новиот флексибилен екран кој е заснован на „OLED“ технологијата, а кој може да се витка скоро како лист хартија.

Новиот екран е со дебелина од 0.88 милиметри кој меѓу останатото има и осветленост од 75 лумени и енергетска ефикасност од 60 лумени по ват, а тоа би требало да овозможи оптимален приказ на содржините, како на смартфоните, така и на таблетите.

Конструкторот направи и екран со димензии 320×320 милиметри со кој би требало да биде опремен следниот модел на таблет, беше објавено на интернет страната „journaldugeek.com“.

Цената на тие два екрани ќе изнесува 250 долари за примероците кои се наменети за смартфоните и 680 долари за тие кои ќе се вградуваат во таблетите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП