26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ќе го надмине САД до 2049 година

Кина ќе го надмине САД до 2049 година

kina1

Пекинг-Кина има шанси да го надмине САД во целокупна смисла до 2049 година, кога таа го прославува својот 100-ти роденден, велат експертите на Кинеската академија на науките.

Што се однесува до економското богатство, Кина според мислењето на експертите од Кинеската академија на науките, ќе го надмине САД во 2019 година. Во извештајот објавен вчера, Кинеската академија на науките наведува дека очекува обновување на Кина и дека земјата ќе го надмине САД доколку продолжи да се развива „благосостојбата на нацијата“.

Во извештајот, „благосостојбата на нацијата“ се опишува како општата состојба на земјата, а како главни критериуми се наведени соодветната употреба на ресурсите и распределбата на богатството.

Благосостојбата на нацијата е најголемиот капитал кој Кина може да го употреби за надминувањето на САД, се вели во извештајот.

Во извештајот се наведува дека „благосостојбата на нацијата“ во Кина е подобра од американската во 2007 година , и дека постои можност за понатамошно подобрување по 2019 година, кога се очекува Кина да стане најголемата економија во светот.

Кинеските експерти пишуваат и за нивото на „благосостојбата на нацијата“ во 100 земји, користејќи ги критериумите како што е природната и економската самостојност, националното донесување на одлуки и исполнувањето на националната одговорност. Земјите според овие критериуми се поделени во четири категории.

Кина е на 11 место со степен „соодветни стандарди“, САД, Јапонија и Британија се во групата од 37 земји кои имаат „недостиг на благосостојбата“.

Шведска, Финска и Австрија се меѓу првите 10 земји со оценка „висока благосостојба“. Етиопија, Судан , Ирак и Авганистан се наоѓаат на дното со оцена „слаба благосостојба на нацијата“, се наведува во извештајот.

Се наведува дека американската благосостојба се влошува заедно со влошената економија, иако САД и понатака е земја на богатство и моќ. Благосостојбата на нацијата во Кина се подобрува поради поволната економска состојба, капацитетот на уредување и кредибилитетот, се наведува во извештајот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП