1 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПознати цените на Galaxy S6 и S Edge?

Познати цените на Galaxy S6 и S Edge?

gali mali

За уредите од насловот имаме многу пишувано, но најчесто стануваше збор за самите спецификации кои тие уреди ќе ги имаат.

Сепак овој пат ќе се базираме на нешто друго – наводната цена на „Galaxy S6“ и „S Edge“ уредите.

Интернет страната „AndroidPit“ наведува дека ги имаат точните парични износи кои треба да ги одвоите при купување на некој од овие два уреди. Напоменуваме дека цените се за европскиот пазар.

Па така, „Samsung Galaxy S6“ зависно од капацитетот кој ќе биде понуден со 32 GB, 64 GB или 128 GB, ќе ве чини 749, 849, односно 949 eвра.

Kога станува збор за моделот „S Edge“ веднаш на стартот цената е нешто поголема, па за верзијата со 32 GB ќе треба да одвоите 849 eвра, додека верзиите со 64 GB и 128 GB ќе чинат 949, односно 1049 eвра.

Сепак споменатите цени земете ги со мала доза на резерва, затоа што и самиот „Samsung“ се уште ги нема и официјално потврдено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП