26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAlibaba ќе го следи примерот на Amazon

Alibaba ќе го следи примерот на Amazon

 

alibaba-taobao-drone

Кинеската компанија „Alibaba“ објави дека започнува тестови за доставување на пратки преку дронови. Првите тестови ќе бидат во Кина од 4-ти до 6-ти февруари, објави интернет изданието „Tech in Asia“.

Тестовите ќе вклучуваат реални набавки до 450 клиенти на онлајн продавницата на „Alibaba Taobao“. Првично преку дроновите ќе се испорачува само чај. Тежината на пратките треба да е под 340 грама, а „Alibaba“ сака да постигне време на испорака до еден час.

Услугата ќе биде достапна само за три града и одреден дел од нивната периферија. Испораката нема да се плаќа дополнително.

„Alibaba“ планира да користи мал беспилотен апарат со четири перки. Останува нејасно дали дронот ќе ја остава пратката пред вратата на клиентот и ќе си замине, или ќе почека клиентот сам да го тргне пакетот од него.

Исто така не е јасно како ќе се постапува, ако примателот престојува во стан. Сепак, ова е само првиот јавен тест на овој метод на снабдување, па не може да се очекува многу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП