19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен ентериер инспириран од годишните времиња (фото)

Луксузен ентериер инспириран од годишните времиња (фото)

enn1

Ви претставуваме пријатен, модерен и шарен ентериер на стан кој се наоѓа на Крит, Грција и e дело на дизајн студиото „Elina Dasira Interior“.

Ентериерот претставува удобно, модерно и префинето место за живеење. Идејата на дизајнерите била да се создаде различна слика и атмосфера во секоја соба, инспириана од годишните времиња. Секоја соба има уникатна позитивна енергија која доаѓа од живите бои и природните материјали кои се користени.

Денот започнува во комфорната кујна од 20 квадрати. Кујната е модерна и свежа, сјајна и ергономска. Тапетите со ведри бои внесуваат пролетно ветре кое дава позитивна енергија за почеток на денот.

Во 40 квадрати се сместени трпезаријата и дневната соба, а станарите можат да уживаат во природните материјали и оригиналното осветлување, каде атмосферата е есенска.

Тиркизната боја е избрана за ѕидот во спалната соба, бидејќи потсетува на лето и базен, каде дава релаксирачко чувство на моќ, што се рефлектира во останатиот дел од ентериерот.

enn2

enn3

enn4

enn5

enn6

enn7

enn8

enn9

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП