26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на индустриското производство во јануари

Пад на индустриското производство во јануари

industrija1

Индустриското производство во јануари 2013 година во однос на истиот месец лани е помало за 1,3 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот Рударството и вадење камен бележи пораст од 17,6 отсто, во Преработувачка индустрија опаѓање од 4,5, а во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,7 отсто.

Според главните индустриски групи, производството бележи пораст кај Енергија за 2,2 отсто, Капитални производи за 11,4 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,1 отсто. Опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,1 процент и Трајни производи за широка потрошувачка за 5,8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП